Студија Треска

План за управување со ризикот од поплави во сливот на р.Треска

Европската комисија идентификуваше дека речните поплави се најчеста природна катастрофа во Европа. Катастрофални поплави ја зафатија и Македонија, поточно градот Скопје ноќта помеѓу 6 и 7 август 2016. Невремето зафати поширока област од 15 општини околу главниот град Скопје. 

Поради тоа, приоритет за Владата на Република Македонија е да ги идентификува и да управува со ризиците поврзани со идните поплави.

Во оваа студија се предлага едноставна и логична рамка за управување со ризикот од поплавите во сливот на река Треска, која се состои од 4 главни компоненти како што е прикажано во Табела  1-1. 

Компонента

Главни задачи

Носечка институција

1.Институции и законодавство

Подготвка на Мапи за опасност од поплави

МЖСПП – Сектор за вода

2.Системи за податоци и хидро -метеорологија

Обезбедување на месечни податоци за прогнозирање на појавата на поплави

Управа за хидрометеоролошки работи

3.Системи за поддршка на одлуката

Проценка на ризикот од поплави на месечно ниво, издавање на известувања и предупредувања

Центар за управување со кризи, УХМР

4. Општински планови за управување со поплавите

Подготвка на локален План за управување со ризикот од поплави

Локални самоуправи – општини

Табела 1-1

Теренските активности во проектната област, сливот на реката Треска, се вршени за време на целото времетраење на проектот. Лицата за контакт на  Секторот за води на МЖСПП и засегнатите општини во голема мера ги олеснија овие активности, додека интервјуата со локалните жители дадоа вредни информации за големината и сериозноста на поплавите во регионот.

Големите води во оваа студија се определени со примена на статистички методи, во кои се користени мерените податоци за протекувањата во постојните хидролошки станици на река Треска – С. Богородица, Здуње и М.Брод.

Дефинираните повратни периоди при определување на меродавните големи води во оваа студија се 20, 50 и 100 години. Мапите за поплави во сливот на река Треска се изработени со HEC-RAS софтверски пакет и се согласно за овие периоди на повторување на појавата на големите води.

Мапи на длабочини и брзини на вода при поплава во за повратен период од T=100god

Како што ризикот од поплави продолжува или се зголемува неговата сериозност, (како што е дефинирано со SPI или според временската прогноза и ЕФАС), тогаш Општината може да побара повеќе сериозни мерки за подготвеност, одејќи од Ниво 1 – Преглед до Ниво 3 – Вонредна состојба.

Процедурите за итна постапка за поплави во Општината треба да утврдат јасни активности поврзани со секое ниво на поплави. Општо земено овие акции можат да бидат поделени на:

  • Активности за комуникација и координација
  • Општински активности и одговорности
  • Општи јавни акции и одговорности

Статус на ризик од поплави со примена на SPI​

SPI            Статус          Одговор за управување со поплави

 

0.0               Нормален    НЕМА АКЦИЈА

+0.0 ‐ 0.5                              Следење на трендот на врнежите во претходните и прогноза за следните месеци

+0.5 ‐ 1.0       Ниво 1           УМЕРЕН РИЗИК ОД ПОПЛАВИ

 

+1.0 ‐ 1.5                               Медиумски известувања и зголемена подготвеност

+1.5 ‐ 2.0       Ниво 2           СЕРИОЗЕН РИЗИК ОД ПОПЛАВИ

+2.0 ‐ 2.5                               Спроведување мерки за заштита од поплави и преместување на високоризични средства

+2.5 ‐ 3.0         Ниво 3           ЕКСТРЕМЕН РИЗИК ОД ПОПЛАВИ

 

Мобилизирање служби за итни случаи, подготовка на масовни евакуации и штети

Scroll Up