Политика на квалитет

Хидро Консулт е посветен на обезбедување на највисок квалитет на услуги, исполнувајќи ги барањата на клиентите во проектирање, надзор и ревизија, истовремено земајќи ги во предвид потребите на вработените, соработниците и другите засегнати страни, преку:

  • Исполнување на барањата на клиентите преку исполнување на нивните спецификации и важечките законски регулативи во работењето;
  • Континуирано подобрување на квалитетот на нашите услуги и производи;
  • Континуиран развој и професионален раст на вработените во организацијата;

Вклучување на нашите внимателно избрани соработници во развивањето на свеста за квалитетот кој го нудиме.

Раководството на Хидро Консулт, во својот делокруг, опфаќа:

  • Спроведување и одржување на систем за заштита и управување на животната средина во согласност со EMS ISO14001 стандардот
  • Подобрување на системот за управување и заштита на животната средина во согласност со стандардот ISO14001
  • Заштита на животната средина од загадување
  • Задоволување на барањата на купувачите
  • Континуирано следење и спроведување на современите трендови во спроведувањето на законодавството поврзано со животната средина
  • Креирање на цели за животната средина и нивно спроведување
  • Следење на нивото на знаење на вработените во областа на животната средина
  • Континуирана комуникација со релевантните организации
  • Почитување на правните акти од државарта
  • Набљудување на промените во правните акти
  • Спроведување на комуникација во рамките на компанијата
  • Континуирано следење на факторите кои влијаат на можното загадување на животната средина


Целите на раководството на Хидро Консулт се однесуваат на следново:

  • Спроведување обука на вработените според планот за обука и едукација на вработените
  • Намалување на емисиите на воздух, вода, канализација и почва
  • Намалување на потрошувачката на енергија
  • Управување со отпад