Регулација на река Вардар

Регулација на река Вардар

Цел на овој проект е да се направи Хидролошка анализа на реката Вардар, односно на дел од реката Вардар која е од интерес за регулацијата на речното корито на потегот од с. Туденце до с. Јегуновце.

Со оваа хидролошка анализа се дефинирани меродавните количини на вода за димензионирање на регулацијата на реката.

За таа цел анализиран е сливот на реката Вардар возводно од најнизводната точка на предметната делница (Радуша) преку определување на сливната површина со користење на DTM (Digital Terrain Model) модулот од географско-информациониот софтвер GIS.

Опредлени се физичко-географски карактеристики на сливот и дефинирана е висинската застапеност, анализирани се геолошки и хидрогеолошки карактеристики на сливот и користењето на земјиштето со примена на CORINE Layer Classification

Поголеми притоки на реката Вардар во овој дел од сливот се реките Пена, Вратничка и Бистрица. Основните карактеристики на овие подсливови се прикажани во Табела 3.

ПРОФИЛ ПОВРШИНА А [km2] ОБИКОЛКА О [km] НАКЛОН Ssr [%] ВИСИНА Hsr [m.н.в.] ДОЛЖИНА L [km]

Пена

173,03

93,91

13,49

1681,65

39,35

Вратничка

30,62

32,70

12,72

1393,26

13,28

Бистрица

39,30

44,35

15,02

1629,66

21,20

Табела 3 Геометриски карактеристики на поголемите подсливови

Резултатите од спроведените хидролошки анализи за сливот на Горен Вардар до профилите Радуша (1951÷2008) и Јегуновце (1961÷2008), со историски податоци за дневни и месечни протоци можат споредбено да се прикажат и анализираат како во Табела 30

Хидрауличките анализи на природното корито на реката Вардар во делницата од с. Јегуновце до возводно од с. Туденце, беа спроведени за 6 карактеристични протоци: Q=24,2 m3/s; Q=46,1 m3/s; Q=62 m3/s; Q=102 m3/s; Q=228 m3/s и Q=267 m3/s.

Основното корито во сегашна состојба има значително намалена пропусна способност и без излевање пропушта протоци помали од Q=62 m3/s.

се препорачува итно расчистување на природното речно корито од цврстиот отпад и од густата високостеблеста вегетација, со што според хидрауличката анализа основното корито ќе биде во состојба безбедно да го транспортира критичниот проток

Бидејќи мостовите ја поврзуваат локалната сообраќајна инфраструктура во регионот, односно висински ги ограничува објектите во техничкото решение на регулацијата

Морфолошките промени во речното корито се резултат на променливиот режим на протоците, на вливањето на реките и јазовите од левата страна, но исто така и на агресивното влијание на човекот